Струмица под маски


Инвентивни, модерни, колоритни, епохални, струмичките карневалисти на традиционалниот маскенбал направија едно патување кон минатото, но и иднината. Балот под макси, го задржа епитетот на најдобрата увертира во главното карневалско дефиле. Гостите велат дека долго време се подготвуваат, но учеството е неминовно.

Фото - МТВ

Фото – МТВ

Од организациониот одбор велат дека ги надминале очекувањата. Очекуваат спектакуларноста и грандиозноста на балот под маски да се повтори и вечер на главната манифестација.

На Маскембалот беа избрани и принцот и принцезата кои ќе го предводат главното карневалско дефиле, на кое ќе настапат педесетина групи, скоро половината од странство, а другите од Македонија со над 4.000 карневалисти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1