Сте посакале едноставно да ја фрлите сметката за струја? Tesla го има одговорот… (Видео)


Tesla развива нови батерии кои ќе бидат од голема корист во домаќинството. интересен проект за производство на батерии за домашна употреба кои ќе го складираат вишокот на енергија од фотоволтаичните соларни панели и ќе може да ги користите за напојување на електричната мрежа во моменти кога ќе снема струја или пак кога има скапа тарифа.

tesla baterija

Како и секогаш, на чело на проектот стои Елон Маск. Само мал дел од проектот е претставен во јавност, но за шест месеци започнува производството на новиот систем. Новите стационарни батерии можат да бидат излез кој конечно ќе овозможи повторна употреба на изворите на енергија и нивно поврзување со секојдевните корисници.Батериите, како што ветува Маск, ќе бидат спакувани во атрактивна кутија која добро ќе се вклопи во декорацијата на домот.

Иако Елон Маск не даде никаква информација во врска со цената на овој систем, но сепак се очекува системот за овозможи одредено ниво на штедење. Tesla вели дека батериите најверојатно ќе бидат поефтина алтернатива од моменталните решенија. Ова ќе овозможи дел од домовите речиси и да не користат електрична енергија од електричната мрежата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1