Стружанец ја претепал осумгодишната внука


Шеесет и седумгодишниот Р.М. од Струга доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во дворот на семејната куќа почнал расправија со неговата осумгодишна внука.

– Изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира внуката по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди, информира полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1