Швајцарскиот интернационалец Пајтим Kасами со потекло од Струга е во врска со познатата британска манекенка Ема Милер, која е позната како поранешна девојка на Леонардо ди Kаприо, пренесува Дневник.
Kасами, кој пред да направи трансфер во грчкиот фудбалски клуб „Олимпијакос“, играше за екипата на англиски „Фулам“, повеќе пати е виден во друштво со фотомоделот Милер. Двајцата секојдневно поставуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Иако тој веќе е во Грција, продолжуваат да се среќаваат и да се појавуваат заедно на разни места – пренесува порталот „Албинфо“.
Kасами претходно беше во врска со фотомоделот Ангела Мартини (28) од Албанија.