Студ на Балканот: Мајданпек смрзна,можна евакуација на граѓаните – нема струја и нафта


44 часа без струја, снемува и нафта за агрегаторите. Претседателот на српската општина Мајданпек, Дејан Вагнер денеска најави можна евакуација на жители од градот доколку не биде саниран дефектот во системот за доставување електрична енергија.

544969_majdanpek--01--foto-i-popovic_f

Мајданпек веќе трет ден е без струја, вода и греење. Помош во храна и вода веќе пристигна, а општинскиот кризен штаб треба да одлучи за евентуално воведување вонредна состојба.

Училиштата и градинките не работат, а фиксна телефонија речиси и да нема. Електричната мрежа е вон употреба поради силното невреме, проследено со снег, што го зафати тој град. Во породилиштето во Мајданпек е монтиран агрегат, кој засега функционира.

Српската државна телевизија објави дека вработени во Електродистрибуција на Србија постојано се на терен во обид да обезбедат снабдување со струја во градот, но ветерот и мразот им ја отежнуваат работата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1