Студент од Кочани сакал да изврши нужда на пругата – го удрил воз – тешко е повреден


Товарен воз, вечерва, тешко го повреди дваесет и две годишниот М.Т. од Кочани. Сообраќајната несреќа се случи на железничката пруга Велес – Гевгелија, во населбата Долни дуќани, на јужниот излезот од градот. Студентот  М.Т се симнал од патот на пругата сакајки да изврши нужда. Тогаш наишол возот, пишува Дума.мк.

voz33Според првичните информации на СВР Велес возот не го удрил директно М.Т туку најверојатно тој настрадал од силниот ветар што се создава при движењето на превозното сретство.  Машиновозачот забележал дека нешто се случило и веднаш го запрел возот од кој излегол и го пронашал дваесет и две годишниот маж како повреден лежи покрај пругата. Веднаш била повикана брза помош и студентот бил пренесен во болница.

Има тешки телесни повреди, со скршеница на десна надлактица и повреда на глава. Реанимиран е, укажана му е неопходна лекарска помош и поради сериозноста на повредите препратен е во Ургентниот центар во Скопје.

Студентот од Кочани бил патник во автобусот на Атом  кој педесеттина минути претходно имал сообраќајна несреќа во Велес. Во автобусот удрил автомобил. Полицијата вршела увид и затоа автобусот стоел во населбата Долни дуќани. Повредениот студент се симнал од автобусот и барал тоалет. Кога не го нашол одлучил да се симне под патот , до самата пруга и таму да изврши нужда. Но тоа било фатално по него.

Полицијата врши увид и на оваа сообраќајка, втора на истото место.Тоа е причина за неколку часовен прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје  – Гевгелија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1