Еден студент паднал во кома, а уште десет се наоѓаат во тешка состојба откако конзумирале роденденски колач со марихуана, соопштија шпански претставници.
Деканот на мадридскиот универзитет „Алфонсо Десетти“, Хозе Домингес де Посада, рече дека станува збор за студенти по ветерина, на возраст меѓу 18 и 22 години.
Кампусот на нивниот универзитет брои околу 12.000 студенти.