Студенти казнети поради тоа што одбивале да земат микрочипови преку кои ќе бидат следени


Информацијата дека дел од учениците кои што одбиле да земат микрочипови за да не бидат постојано следени, во едно школо во Тексас, се прошири низ државата како оган во сено, особено откако учениците истакнале дека поради тоа што одбиле, сега има репрекусии по нив.

Од 1 октомври учениците како Џон Џеј и Ансон Џонс од средното училиште во Сан Антонио во Тексас, биле прашани дали сакаат да присуствуваат на часот со идентификациона картичка која што пренесува радио фреквенции, кои што ги трансферира ваквите бранови преку вграден чип во картичката.

Доколку програмата е успешна, RFID чиповите наскоро би можеле да се најдат во сите 112 училишта во земјата и да влијаат на животите на повеќе од 100,000 студенти.

Оние кои што одбиваат да одат низ школксите ходници без ваквите картички во нивните џебови или околу нивните вратови, велат дека се измачувани од страна на нивните инструктори и им е забрането да учествуваат во одредени училишни активности.

Некои од нив изјавија дека се отфрлени кафулињата и библиотеките и не им е дозволен тамошен пристап. Андреа Хернандез и Џон Џеј велат дека наставниците ги игнорирале нивните барања за почитување на приватноста, а им било одговорено и дека не можат да учествуваат во изборната кампања во училишните избори, доколку и понатаму одбиваат да ги земат ваквите трагачки програми.
Хернандез изјавила дека со тоа што ќе дозволи да биде подложена на постојан надзор преки RFID чиповите, на некој начин ќе биде брендирана. На тоа добила одговор дека не може да учествува во изборот на крал и кралица на нејзиното училиште.

„Имав наставник кој ми рече дека нема да можам да гласам доколку не го носам потребниот идентификатор. Им објаснив дека ја имам старата картичка која би можела да ме послужи во четирите години, колку што ќе бидам во ова училиште. Но тој ми рече дека ми е потребна новата“, вели Хернандез.

По расправијата било испратено и изјава до нејзините родители, во која пишувало дека доколку нивната ќерка и понатаму одбие да го носи новиот чип, реперкусиите ќе бидат построги од само одземање на правото на глас во училиштето.
Таткото на Хернандез, Стив, изјави дека училиштето е подготвено да соработува со неговата ќерка, но исто така дека ниту тој, ниту неговата фамилија, нема да престанат да се борат за ваквата информација ја дознаат сите преку јавните средства за информирање.

„Му реков дека е неприфатливо за нас тоа што мораме да се одречеме од нашите права загарантирани со устав и да збориме против нешто за кое што сметаме дека е погрешно“, изјавил Хернандез.

Кристен Бокенкамп изјавила за Сан Антонио Експрес Вестите, дека очекува нејзината организација ACLU да ја оспори ваквата одлука на одборот. Стив Хернандез пак изјавил дека се обратил до АCLU за да го преземе случајот на неговата ќерка, но Ребека Робертсон од локалната бранша на организацијата, изјавила дека ACLU од Тексас, нема да биде во можност да го превземе случајот на неговата ќерка, оправдувајќи се дека овој случај не ги исполнува критериумите на оваа група.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1