Огнот почна да се шири од една од собите на приземјето. Густ чад за кратко време се издигна високо над зградата. Веднаш потоа десетици студенти во паника ја напуштаа зградата.
– Едно момче беше многу исплашено и сакаше да скокне од зградата за да се спаси. Беше вистинска драма, но успеаја да го убедат да не скока – вели студентка.
Неколку противпожарни возила со над десет пожарникари за околу половина час го изгаснаа пожарот и безбедно ги извадија сите студенти од зградата. Екипа на брза помош на неколкумина им укажа помош.
– Потребно е да се научат како да се однесуваат во вакви ситуации бидејќи лесно можеше да се повтори трагедијата од пред неколку години што се случи во зграда во Kисела Вода – вели еден од пожарникарите.
Причина за пожарот е најверојатно дефект во инсталацијата.
Foto – Dnevnik