Универзитетот во Јута (USU – Utah State University) го претстави првиот од ваков вид електричен автобус кој се полни преку безжична технологија, на 15-ти ноември оваа година.
Tимот за безжичен трнансфер на електрична енергија на USU дизајнираше поефикасен начин на исполнување нанационалните потреби за транспорт. Со внимателно комбинирање на модерно и напредно инженерство и принципите за индукција на Никола Тесла, инженерот Хантер Ву и неговиот тим решија еден од најголемите проблеми на безжичниот транспорт на електрична енергија (WPT – wireless power transfer)
Нивното истражување доведе до развој на еден робустен прототип, кој беше сместен во автобусот Aggie. Прототипот пренесува електрична енергија преку воздушен јаз, без физички контакт. Безжичен трансфер на електрична енергија носи многубројни бенефиции за потрошувачите. Тоа значи помалку кабли, а со тоа помала опасност од електрични шокови.
Aggie автобусот има постигнато неколку значајни пресвртници. Тоа е првиот автобус развиен и дизајниран од страна на Северно-американска организација кој се полни преку безжичен трансфер на електрична енергија, и е првиот светски електричен автобус со WPT технологија, со комбинирање на ниво на енергија до 25 киловати, ефикасност поголема од 90 отсто од електричната мрежа до батеријата и максимална неусогласеност до шест инчи.
“Моменталните лимитации на батеријата не дозволија автобусот да работи цел ден по целоноќното полнење. Тој проблем ќе се реши со тоа што автобусот ќе се полни безжично за време на неговата секојдневна работа кога ќе запира за да се симнат и качат патници”- изјавува Визли Смит, шефот на WAVE компанијата која соработува со Универзитетот во Јута.