Студентите фаќаат ,,џаде,, а Македонија нема евиденција колку си заминале


Образованието, професионалниот развој и желбата да се види светот се најчестите причини поради кои македонските студенти заминуваат во странство, ова го покажува истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) срповедено лани на примерок на 47 повратници кои се школувале во некои од развиените западноевропски држави.


Во однос на условите што ги имаат во Македонија, работни, фамилијарни и слично, истражувањето покажало дека 53 проценти од нив сакаат повторно да заминат од државата, а речиси 49 осто иднината ја гледаат во Македонија.
според центарот Македонија нема база на податоци за тоа колку студенти ја напуштаат државата и од кои причини.

Многу мал број, одосно девет проценти од повратниците кои студирале во странство, а сепак се вратиле во Македонија, добиле некаква институционална поддршка, додека поголем процент од нив не добиле никаква институционална поддршкавелат од ЦИКП

Голем број од нив имале проблем да се вработат затоа што веќе ги изгубиле контактите со лицата, а при обидот да се вработат наидувале на ситуации на непотизам, по принцип на врски и познанства или, пак, немале доволен интерес за нивната диплома.
– Генерално во однос на вработувањето 63,8 отсто од примерокот кој беше вклучен повратници се вработени, но она што го увидовме како можен негативен показател е тоа дека 59,6 проценти од нив работат на работно место кое не е во однос на нивните образовни квалификации. Во однос на напредувањето во државата сметаат дека има прилично потенцијал за да се напреднува тука, односно 31,9 проценти сметаат дека до некаде може да напреднат споредено со 23,4 коишто назадуваат на работното место, а 10,6 изјавиле дека во целост напредуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1