Новиот мебел за студентскиот дом „Гоце Делчев“ е пристигнат и се монтира во просториите.
Претходно, Владата донесе одлука со која е предвидена повеќегодишна набавка на замена на целокупниот мебел во сите студентски домови.
Оваа одлука ја најави Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 кој појасни дека замената на целиот мебел ќе се врши во неколку фази во период од две до три години.
Груевски истакна и дека покрај набавката на мебелот и реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, ќе биде изграден нов дом за студентите.