Во страотна сообраќајна несреќа во која учествувале возило лада и возило на брза помош животот го загуби едно лице, а неколки се повредени. несреќата се случила попладнето во 16 часот на регионлниот пат Македонски брод –Самоков.
Едно лице загина во сообраќајка несреќа која околу 16 часот се случила на патот Македонски Брод-Самоков, кај селото Манастирец.
Според првичните информации во несреќата учествувале автомобил Лада во прилепски регистерски ознаки и амбулантно возило од Клиничката болница во Кичево.Во несреќата животот го загубил возачот на патничкото возило лада. Драги С. од селото Ропотово. Лицата кои се превезувале со амбулантното возило на кичевската клиничка болница се повредени.
Полицијата во моментот врши увид на местото на несреќата.