Два италијански бомбардери од типот „торнадо“ со по двајца членови на екипажот се судрија денеска при рутинска обука и се урнаа во густа шума кај градот Асколија, соопштија италијанските воздухопловни сили.
Очевидци тврдат дека ги виделе двата авиони како летаат ниско во близина на Асколија, по што слушнале удар и виделе голема огнена топка од авионите, кои потоа се урнале, предизвикувајќи пожар во шумата.
Засега нема потврдени информации за тоа дали двајцата пилоти и двајцата навигатори успеале да се катапултираат и во тек е потрага по нив од воздух.