Судење за убиството на Саздо – Сведокот ги препозна напаѓачите


Немаше време Никола да се одбрани од тројцата напаѓачи кои го тепаа.. Вака пред судот сведочеше Миле Алексовски кој се наоѓал на автобуската постојка каде бил претепан Саздовски.. Момчето го тепаа кратко, не испушти никаков глас, како да беше во кома, падна, по што еден од напаѓачите со нога го удри по хранопроводот, изјави сведокот.. За одбраната ова било доказ дека на тројцата обвинети не може да им се суди за убиство на свиреп начин.. Бара, тие пред судот да одговараат за насилство..

Исказот на сведокот предизвика низа прашања – освен адвокатите, судот и обвинителот, прашања имаа и судиите поротници.. Во Обидот на судијката за правилно формулирање на прашањата, одбраната препозна пристрасност па побара изземање кое беше одбиено.. Адвокатот на семејството Саздовски очекува да не се прави притисок врз судот за овој случај..

За смртта на Саздовски обвинети се тројца.. Им се суди на Бесир Беља и Скендер Демири.. Обвинетиот Јетон Љужа е во бегство..

Нападот на 20 годишниот Никола се случи во јуни годинава на автобуска постојка во Автокоманда.. Една недела по тепањето, поради сериозните повреди, Саздовски почина во болница..

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1