Судија остана без работа по скандалот минатата година кога за време на излагањето на доказите на одбраната во случај за корупција, судијата задрема. Судијата Евгениј Махно Владимироциќ неколку пати се будел и заспивал и не чул ништо од излагањето – а потоа без да трепне го осудил обвинетиот на 5 год казна затвор.
Видеото било постирано на интернет и судијата бил избркан од работа иако тврдел дека не спиел туку „го слушал излагањето со затворени очи“.
Судијата сега ќе мора одново да полага судски испит за да може повторно да работи како судија. А на обвинетиот бизнисмен му дозволиле ново судење.