Судот бара Бучковски да оди во Идризово


Скопскиот Кривичен суд на 17 септември му испратил упатен акт на екс министерот за одбрана Владо Бучковски за издржување на затворската казна, но за сега е неизвесно кога тој ќе треба да се појави во затворот за издржување на казната пишува Утрински.

Владо Бучковски, по повеќе од седум години судење за случајот „Резервни тенковски делови“, со одлука на Апелацискиот суд во Скопје е правосилно осуден на две години затвор, но нему се’ уште му се на располагање вонредни правни лекови, односно обжалување на пресудата и ново одлучување во Врховниот суд.bucko-500

„Доколку сакаме да го почитуваме законот, а сите ние, нели, тежнееме кон правна држава, тогаш оваа пресуда ќе мора да биде укината“, вели бранителот на Бучковски, скопскиот адвокат Никола Поленак, кој потврдува дека со најновото барање нема да се бара само укинување на пресудата на Апелацискиот, туку и на Основниот суд Скопје 1.

Истражен судија му одреди притвор на Бучковски летото 2007 година додека беше на годишен одмор. Тој го прекина одморот со намера да ги расчисти работите, но во декември следната година судечки совет од Одделот за организиран криминал му изрече затворска казна во траење од три и пол години. Една година подоцна, Апелацискиот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно одлучување, но овој пат во Кривичниот оддел. На повторениот судски процес на Бучковски му беше изречена затворска казна во траење од три години, но со одлуката на Апелацискиот суд, кој му намали една година, пресудата стана правосилна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1