Направете прехрамбена боја со која вашите деца слободно ќе сликаат


Поголемите деца веќе знаат дека водените бои и темпери не смеат да се ставаат в уста, но што е со помалите деца, кои исто така сакаат да ја изразат својата креативност?  dete-se-igra-bojama-490x275

 

За помалите деца тука е прехрамбената боја без штетни хемикалии, со која можат да шараат по хартиите што сте им ги ставиле на подот или на масата.

Што ви е потребно?

400 г пченкарен скроб

50 мл ладна вода

1 л зовриена вода

половина лажичка сол

3 лажици шеќер

Прехрамбена боја за колачи

Постапка:

Зовријте ја водата и направете смеса од сите состојки освен бојата. Кога ќе добиете рамномерна, густа смеса, распоредете ја со садови, па во секој додајте малку боја за да добиете повеќе различни бои во повеќе садови. Добро измешајте ја бојата со дрвена или пластична лажица и почекајте да се излади.

Потоа детето може да започне со „сликање“!

Ако правите боја за девојчиња, слободно додајте и малку светки што се јадат.

 

Убавинаиздравје.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1