Судот бара Собранието да им го симне имунитетот на шестмина пратеници


Кривичниот суд до Собранието на Република Македонија испратил барања за одземање на имунитет за шестмина пратеници, јави МИА.

Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.

Според информации од Собранието, барањата се пристигнати во Собранието, но се чека на претседателот на Парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска за тие да бидат отворени.

Се очекува, како што е пропишано, овие барања Џафери да ги достави до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој треба да закаже седница на која треба да се одлучува по нив. Богоевски најави дека седница ќе закаже веднаш штом го добие известувањето од претседателот на Парламент. Најверојатно седницата на Комисијата ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1