Судот донесе одлука – Верушевски излегува од притвор


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“, ќе се брани од слобода со мерки за претпазливост, а како гаранција приложил имот.

Притворот е укинат и за поранешниот вработен во Министерството за внатрешни работи, Ѓорѓи Лазаревски, исто така обвинет во „Пуч“.zoran verusevski2

Одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје е донесена по предлог на Специјалното јавно обвинителство, а обвинетите ќе бидат пуштени со гаранција и со мерки за претпазливост.

„Советот, донесе одлука со која мерката притвор за обвинетите З.В. и Ѓ.Л. се укинува, а предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за прифаќање на предложената гаранција и  определување мерки за претпазливост на обвинетите, се уважува. Одлуката на Кривичниот совет во текот на денешниот ден ќе биде експедирана до странките во постапката и затворот Скопје“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Првообвинет во случајот е Зоран Верушевски, обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1