Кран се навали врз зграда во Кисела Вода – може да се урне, евакуирани 10 куќи


Огромен кран од 62 метри на градежената фирма „Адора“ се заканува да се сруши врз неколку куки и станбена зграда во скопската населба Кисела Вода. Кранот се изместил од лежиштето и сега е потпрен на познатиот објект во изграда „Флетајрон“ Кранот се навалил околу четири часот и дел од работниците ги алармирале семејствата кои живеат во куќите да излезат бидејќи не е безбедно.KRAN KISELA 2

Тие се жалат, дека од кога почнала да се гради зградата многу често им снемува струја, а кранот бил секогаш завртен кон нивните куќи и дека очекувале во секој момент да падне врз нив.

На градиллиштето пристига опрема и луѓе, а според одговорните за објектот веќе се прават напори, кранот вечерва да се обезбеди ,а дури изутрина да се демонтира дел по дел.Сите приоди и споредни улици се затворени за луѓе и возила во овој дел од населбата.KRAN4

Висококатница по урнекот на позната зграда „Флетајрон“ во Њујорк се гради на влезот на Кисела Вода, на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“ Зградата е со висина од 54 метри, ќе има 16 ката, три влеза и седум лифтови. Во неа ќе има 279 станови со површина од 31 до 119 м2 и луксузен апартман на врвот од 260 м2, со фантастичен поглед на Скопје, на порта „Македонија“ и градскиот плоштад.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1