Нема опасност кранот да се урне врз куќите – Од Адора велат веќе се работи на проблемот


Технички проблем е причината поради која се навалил кранот на градежниот објект на новата зграда „Флетајрон“ и се очекува истиот да биде отстранет во најскоро време, соопшти  инвеститорот на зградата, Адора инженеринг.

Од градежната компанија информираат дека кранот е на компанија Факом, која е ангажирана како подизведувач во изградбата на  Адора Flatiron Скопје.KRAN KISELA 2

„Денеска при крајот на работното време, се случи технички проблем, со мали оштетувања на ангажираната автодигалка од страна на Факом, при што дојде до прекин на работата,  без никакви повреди ниту оштетувања на објектот Адора Flatiron Скопје, ниту на соседните објекти“, се вели во соопштението на Адора инженеринг.

Притоа се наведува дека Факом ги презел веднаш сите потребни активности за надминување на техничкиот проблем, без евентуална опасност за објектот и за околината.

„Стручната екипа на Факом веќе работи на терен и во најскоро време техничкиот проблем ќе биде надминат“, стои во соопштението на Адора инженеринг.

Во соопштението се истакнува и дека Факом е реномирана компанија од Скопје која има повеќедецинска традиција и потврденост во градежниот сектор и конструкциите.

Навалувањето на кранот предизвика вознемиреност кај семејствата кои живеат во куќите во близина на објектот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1