Судот пресече, Касами е лидер на Беса


Билал Касами, кој е на чело на едното крило на движењето „Беса“ денеска соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го отфрлил барањето на крилото на Африм Гаши, со што тој и официјално е лидер на партијата.

– Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и не се во нивна служба – рече Касами на прес-конференција.

Тој ги повика сите изманипулирани членови да се вратат во партијата.

– По конгресот одржан на 24 февруари, го заокруживме процесот на формирање на партиските органи и сме убедени дека во иднина уште посилно ќе доминираме на политичката сцена, нудејќи се како политички субјект со јасна политичка визија, без хипотеки и со духот на една елита на млади интелектуалци кои веќе се идентитетот на движењето Беса – рече Касами.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1