Судот пресуди: Тито Петковски да му плати на Груевски 10.000 евра


Тито Петковски го наклеветил премиерот Груевски кога во изјава за Фокус рече дека премиерот се согласил со промена на името на Македонија пред самитот на НАТО Во Букурешт.

grujo-tito

Скопскиот граѓански суд му ја прифати тужбата на премиерот Груевски и донесе одлука Тито Петковски да му плати 650.000 денари, јавува Максим.

Премиерот Никола Груевски го тужи претседателот на НСДП, Тито Петковски за клевета затоа што  во октомври минатата година за неделникот Фокус изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008 предложил новото име да биде Република Македонија – Скопје.

Тоа се измислени факти, се вели во во тужбата, во која се бараше Петковски да плати отштета во висина од 15 илјади евра за нанесување штетна на честа и угледот на Груевски.

 “Повредата на честа и угледот цитирам  „кај тужителот предизвика јака душевна болка која може да се излекува само со 950 000 денари или со 15 000 евра. Се разбира таквата душевна болка нема наод на вешто лице – психијатар. Искрено, се до овој момент живеев во убедување дека парата не ја лечи душата.“ – изјави Петковски кога беше поднесена тужбата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1