Судот пресуди во полза на Северина, Милан во шок


Малиот Александар Поповиќ се враќа во градинката во која своеволно го запиша неговата мајка Северина Којиќ. Жупанскиот суд во Загреб ја поништи одлуката на Општинскиот суд, според кој Александар не смееше да оди во градинката во која го запиша мајка му бидејќи претходно не се консултирала со неговиот татко Милан Поповиќ.severina-milan

Синот на пејачката не посетуваше градинка пет месеци по одлуката на Општинскиот суд, затоа што српскиот бизнисмен и правно се побуни против изборот на градинката.

Извор близок на Северина, за храватски„Дневник“ вели дека таа е многу задоволна со одлуката на Жупанскиот суд.

Освен околу ова, Милан и Северина се тужат и за старателството над Александар, кое во моментот го делат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1