Судска медицина: Тамара починала од бронхопневмонија


Институтот за судска медицина по извршената обдукција на телото на починатото девојче Тамара Димовска потврди дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија.TAMARA44

– Во извештајот од обдукцијата утврдено е дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови, се вели во денешното соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пренесе МИА.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат наведуваат дека ќе се испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза.tamara_0

– Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата, се наведува во соопштението, пренесе МИА.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе продолжи со испитување на случајот во рамки на своите овластувања и надлежности,  се додава во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1