Сулејман е со демонстрантите ама Полат е со Ердоган – кој е појак?


Воинствената реторика на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, на многу суптилен начин ја пренесе и херојот од серијата Долина на волците, Полат Алемдар, кој застана во одбрана на турскиот премиер и ги повика демонстрантите да се повлечат од протестите.

polat erdogan– Ова Турција не го заслужува, изјави актерот Неџати Шашмаз, алудирајќи на насилствата кои создаваат лоша слика за земјата.

Ердоган денеска ги предупреди демонстрантите кои го окупираа централниот парк Гези во Истанбул, дека треба да го напуштат пред митингот на владеачката партија, закажан за утре.

Во спротивен случај на силите за безбедност ќе им биде наредено да го испразнат, пренесоа британските медиуми.

-За утре имаме закажано митинг во Истанбулг. Јасно кажав: плоштадот Таксим треба да биде испразнет, во спротивен случај силите за безбедност на оваа земја ќе го испразнат, изјави Ердоган пред десетици илјади поддржувачи на митингот во главниот град Анкара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1