Каматите паднаа, становите не поевтинија – градежниците инат, велат цените се реални


Банкарите ги намалија каматните стапки на станбените кредити, но таквиот потег не го следат и градежниците

Откако банкарите ги намалија каматните стапки на станбените кредити на досега најниско ниво од околу 5,5 отсто, сега, како сите да очекуваат и градежните компании да понудат пониски цени на квадратот за да се зголеми интересот на граѓаните за купување станови.

zgrada2[1]Факт е дека на крајот од минатата година и почетокот на оваа 30 отсто од становите останаа непродадени, па на пазарот се појави поголема понуда од побарувачка. Иако, според пазарната логика се’ водеше кон тоа дека градежниците ќе ги намалат цените, тоа не се случи. И сега од градежните компании велат дека официјално поевтинување на становите нема да објават, ама во преговорите со клиентите, во зависност од нивните можности, гледаат да им излезат во пресрет преку намалување на цената.

Најмногу се бараат станови во централното подрачје на главниот град, каде што цените се движат од 1.020 евра, 1.050 евра за квадратен метар, па до 1.300, или 1.500 евра за оние што се градат на Водно. Во населбите Ново Лисиче, Ѓорче Петров, каде што во последниве години интензивно се гради, можат да се најдат и поевтини станови од 700 до 900 евра за квадратен метар.

Градежниците велат дека тоа е реална цена. Особено ако се знае дека само надоместокот за уредување на градежното земјиште (комуналиите) изнесува 150 евра од квадрат. Дури 30 проценти од вредноста на квадратот отпаѓаат на трошоците околу расчистување на локацијата, потоа 5 отсто е ДДВ и плус други оптоварувања како што е, на пример, кредитот кој го зема фирмата за да гради. Оттаму, според градежниците, на нив им остануваат од 350 до 400 евра од квадрат за да го изградат станот и да профитираат.

Повеќе на – Утрински весник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1