Трикови кaко да се ослободите од плускавците на нозете


Можеби ги сакате високите потпетици, но сигурно не ги сакате плускавците кои често ви се јавуваат од нив.

noga pluskavciНајдобро е да бидете трпеливи и да оставите сами да поминат, но ако ве нервира ова меурче полно со вода можете внимателно да го дупнете со дезинфицирана игла.

Ако непријатните меурчиња ви ги уништуваат настаните, кои треба да ви бидат најдобрите во животот, еве како се ослободите од нив.

Алое вера

Оваа билка е најдобриот лек и многу производи содржат екстракт од Алое Вера. Пресечете лист од оваа билка и со сокот намачкајте го вашиот плускавец. Болката набргу ќе исчезне.

Кантарион

Ова масло има антивоспалително дејство и можете да го направите дома или да го купите од аптека. Кантарионот го смирува воспаленото подрачjе и го поттикнува зараснувањето на ткивото.

pluskavciЛук

Лукот е навистина здрава намирница, која помага и во борбата со плускавците и брадавиците. Втријте главица лук на местото 3 или 4 пати на ден, се додека кожата потполно не зарасне.

Тој има и антибактериско дејство кога ќе ве касне некој инсект.

Вазелин

Вазелинот е состојка со смирувачко дејство, па така многу ќе ви помогне во закрепнување на раните на нозете од потпетиците.

NotForMen 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1