По Велигденските празници кога четири дена одморивме од работните обврски и уживавме со најблиските, следува уште еден продолжен викенд и многу неработни денови.
Неработен ден е 1 мај (петок), кога е Ден на трудот. Тогаш следува продолжен викенд.
Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.
И Власите имаат уште еден неработен ден во мај – 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.