Дерматолози и експерти предупредуваат за опасностите од прекумерната употреба на сув шампон.
Секојдневното користење на козметичкиот производ може да доведе до непотребни маснотии и потешко обликување на косата. Појавата на првут е сигурно еден непријатен, но незначителен пропратен ефект на неконтролираното користење на сувиот шампон. Потешките компликации вклучуваат мноштво осипи и плускавци на скалпот, како последица на прашокот.
“Сувиот шампон е наменет за отстранување на вишокот на маснотии од кожата на главата и прекумерната употреба сигурно ќе ве остави со ронлив скалп” изјави Австралијката Сиднеј, стилистка на многу познати личности.
Фризерите се согласуваат околу тезата дека кога станува збор за сув шампон, секогаш треба да се избере квалитет пред квантитет и советуваат жените да купуваат само производи од фризерски салони.
Козметичките компании советуваат да се користи сувиот шампон до два пати неделно и да се мие обилно со цел да се избегне затнувањето на порите на скалпот.