Свадба среде поплава – по невестата со чамец


Во траурниот период на огромни површини покриени со вода и неколку десетици загинати во поплавите во Србија, БиХ и Хрватска, се случуваат и малку поведри работи, кои помагаат макар накратко тагата да ја замени радоста.

Sandra i Goran da nije bilo camca ne bi bilo ni vjencanjaТаква е веста за венчавката во Сводна кај Босански Нови во БиХ, каде среде поплава пред матичарката Радмила Бањац, судбоносното „да“ во саботата го изговориија Горан Јешиќ од Сводна и Сандра Средиќ од соседното село Витасовац, кое реката Сана целосно го обиколи со вода, Дневни Аваз

Невестата не сакала да се венча без родителите и кумата, кои останале во Витасовац, кое е заробено од водата. Да биде ситуацијата полоша, кај нив останале бурмите, венчаницата на Сандра и костумот за младоженецот.

– Тогаш се појави чамџијата Петар Вукојовац. Успеа да се пробие до Витасовац и некаде околу 16 часот ги довезе родителите на Сандра и кумата. Бргу се облековме и во рок од половина час ја повикавме локалната матичарка, која не венчаше. Да биде поинтересно, дотогаш врнеше дожд, а кога дојдоа огреа сонце. Гледам во тоа некаков добар знак за нашиот брак – раскажува среќниот младоженец, кој очекувал 670 гости на свадбата.

Многумина не успеале да стасаат поради страотните поплави, но тоа им пошло од рака на гости од Сежана, Словенија, кои натуркани во комби успеале да се пробијат до Сводна.

По свадбата родителите на невестата повторно со чамец биле вратени во Витасовац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1