Кондовецот Агим Красниќи одлежува затворска казна за повеќе кривични дела.
Тој одговара за злосторничко здружување и казната ја “одлежува“ во затворот во Штип.
Но, се чини дека и таму нашол начин за убав живот.
Во затворот во Штип тој неодамна се оженил со жена од Косово, објави Вест.
Матичар дошол во штипскиот затвор за да ги венча со граѓански брак Красниќи и неговата избраничка.