Му купиле БМВ иако немал дозвола, однесе 3 животи – за нас нема живот, очајни родителите


За нашата фамилија веќе нема нормален живот. Да можеме и своите животи ќе ги дадеме за да ги вратиме децата, бидејќи ги гледавме како наши. Нема зборови со кои можеме да ја опишеме нашата болка, велат Бојана и Срџан Јовановиќ, родителите на 19-годишниот Душан Јовановиќ кој со автомобилот падна во Дунав, тие се огласија и кажаа дека нивното дете треба да одговара за она што го направило.

Момчето без дозвола возело од својата 15 година.  Иако во медиумите излегоа овие информации, мајката на Душан вели дека немал ни една, а не 27 пријави.

bmv soobrakj

Тие се во шок и неверување. Жалат за трагедијата, жалат и за својот син. Велат иако се работи за нивното дете, свесни се дека треба да сноси одговорност за она што се случило.

– Не знам како да живееме со ова, веќе немаме семејство…и нашите животи заминаа со тие деца…Немања му беше најдобар другар, а Беба негова девојка. Постојано се дружеа. Заедно јадеа, пиеја, спиеја и си ги делеа тајните во нашата куќа, вели мајката на Душан.

Запрашана зошто носи црно иако нејзиното дете преживеа, таа вели дека е во црнило за другите деца, бидејќи ги чуствувала како свои.

– Свесни сме дека ништо од ова не е намерно. Пиеле, се забавувале и направиле глупост која многу ги чинеше. Како што слушнавме пееле во автомобилот до моментот на трагедијата -вели таткото и додава дека неговиот син се направил да ги спаси другарите. Уаспеал да спаси двајца, но не успеал да го спаси оној од багажникот, кој бил најкрупен бидејќи бил ватерполист.

Од друга страна, иако се пишува дека осум пати бил фатен како вози без дозвола и има 27 прекршочни против него, мајката на Душан тврди дека тоа не е вистина.

Иако возачот на БМВ-то со кое згаснаа три животи откако влетаа во Дунав, 19-годишниот Душан Јовановиќ, се смета за единствен виновен за несреќата која го зави регионот во црно, сепак голем број експерти сметаат дека главната одговорност лежи кај неговите родители кои му купиле луксузен автомобил иако немал возачка.

Како што пишува српскиот Курир, се поставува прашањето зошто на својот син му купиле автомобил иако немал дозвола, а воедно претходно имал и 27 прекршочни пријави, и 8 пати бил фатен како вози без дозвола.

– Дури и да го купил автомобилот без нивно знаење, требале да го спречат да го вози. Му овозможиле да вози иако немал дозвола. Тоа е како да му дале пиштол и да му дозволиле да пука, велат српските стручњаци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1