Тинејџерка организирала проституција, сексот со девици го наплаќала 100 долари


Девојка од Флорида сите состаноци ги договарала преку социјалните мрежи, бидејќи немала мобилен телефон. Полицијата во тие пораки пронашла и ценовник за сите услуги. На пример, оралниот секс го наплаќала од 50 до 70 долари, а секс со девица чинел 100 долари.

Американската полиција ја привела 17-годишната ученичка Алекса Никол де Армас која во две средни училишта во Сарасоти на Флорида организирала проституцијаProstitution

Приведен бил и 21-годишниот Џон Мошер, бидејќи имал сексуален однос со 15-годишно девојче, за што платил 40 долари и дал шише алкохолен пијалок. Полицијата нагласи дека трага и за трета личност која учествувала во овие активности.

Властите го откриле овој случај кога четворица ученици им се пожалиле на училишните другари дека Алекса со помош на нејзини пријатели се обидела од нив да изнуди пари.

„Зошто би подведувала постари проститутки, кога имам млади и свежи кои можам да ги продадам? Ќе го работам ова се додека заработката е добра“, му напишала Алекса во пораката на својот „бизнис партнер“ на една социјална мрежа.

Девојката сите состаноци ги договарала преку социјалните мрежи, затоа што немала мобилен телефон. Полицијата во тие пораки нашла и ценовник за сите услуги. Па, така, оралниот секс чинел од 50 до 70 долари, додека пак, сексот со девица го наплаќала 100 долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1