Свадбени ѕвона за Кајли Миног: Пејачката објави дека се свршила (ФОТО)


Австралиската пејачка Кајли Миног (47) се сврши со своето момче, британскиот продуцент и режисер Џошуа Сасе (28). Двојката наводно се свршила во јануари на скијање во Швајцарија, а веста ја потврдија викендов со објава во британски „Телеграф“ и со дијамантскиот прстен на раката на Кајли.Kajli minog

Пејачката не ја крие својата љубовна среќа од септември минатата година кога ја освоил 20 години помладиот Британец. Тие се запознале на сетот на серијата „Галвант“ во кој тој глуми, а Кајли се појавила како специјална гостинка.Kajli minog2

Во јануари Кајли и Џошуа заминаа на романтичен одмор на швајцарските Алпи, а актерот токму таму клекнал на коленици и ја побарал нејзината рака. Детали за нивната венчавка се уште нема. Кајли зад себе има неколку долгогодишни врски од кои најпознати се врските со Џејсон Донован, покојниот пејач на „Инексес“ Мајкл Хачинс и францускиот актер Оливие Мартинез.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1