Заборавете сè: Нови правила на Евросонг!


До минатата година гласовите беа поделени на следниов начин: 50 отсто од гласовите да ги дава стручното жири, а 50 публиката.

Новиот начин за гласење е најголема промена на овој музички натпревар уште од 1975 година, а со него за првпат ќе се соочат годинашните Евросонг финалисти.eurosong evrovizija

Од оваа година и жирито и гледачите од секоја земја одвоено ќе ги делат оцените од 1 до 8, како и 10 и 12, пишува на официјалната страна на овој натпревар.

Откако гледачите и публиката ќе гласаат по телефон, СМС-пораки или апликација, портпаролот на секоја од 43-те земји ќе ги претстави поените на стручното жири.

По претставувањето на резултатите на жирито, ќе се избројат гласовите на публиката на сите земји така што секоја песна ќе добие своја оценка.

– Овој начин на презентирање на гласовите е голем чекор напред кој ќе направи се за шоуто да биде подобро, а натпреварувањето повозбудливо. Новиот формат ќе гарантира дека песната која е најпопуларната меѓу публиката ќе добие 12 поени без оглед на тоа како гласало жирито. Овој систем на гласање е воведен уште од 1975 година, а одлуката за него била едногласна. Станува збор за создавање телевизиска магија, објаснил Јон Ола Санд.

Извршниот продуцент за Евросонг 2016 година Мартин Остердахл изјавил дека изминатите години победникот се знаел 20 минути пред крајот на гласањето.

– Тоа не беше добро. Овој формат ќе даде одредена доза на возбуда – рекол Остердахл.

Сите резултати ќе бидат достапни по натпреварот на официјалната страна на овој натпревар, за сите оние кои ќе посакаат да видат како гласала нивната земја.

Големото финале на Евросонг ќе се одржи во Стокхолм во сабота 14 мај 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1