Светот гори – овие делови од планетата се најзагрозени


Јануари 2016 година за светот беше месец кој долго ќе се памети. Ќе остане запомнето дека во тој месец е забележано најголемото отстапување од температурниот просек во однос на било кој друг месец откако се води евиденција за температурите.

Податоците кои ги објави американската НАСА и агенцијата “National Oceanic and Atmospheric Administration” покажуваат и дека 2015 година била најтоплата година регистрирана досега. Што всушност значи тоа?Screenshot_145

На мапата на светот на НАСА на која се гледа како растела температурата во јануари оваа година, со најтемна боја се обележани оние делови од светот во кои било забележано најголемо зголемување на температурата во однос на просекот забележан во периодот од 1951 до 1980 година.

На таа мапа јасно се гледа дека оние делови од светот кои дополнително се загреваат се северните делови од земјината топка и самиот Северен пол. Во тој дел од светот е забележано зголемување на температурата четири степени Целзиусови во однос на просекот од периодот со кој се споредува, пишува Washingtonpost.com.

Не е никаква новост дека Северниот пол се затоплува. Научниците веќе неколку години наназад предупредуваат на таква појава, а таа има дури и свое име – Арктичка амплификација. Сепак, она што е загрижувачка новост е тоа што температурата во јануари беше далеку од очекуваната.

Ова необично зголемување на топлината на Арктикот го следи и ново рекордно ниско ниво на мраз за овој месец, покажуваат податоците на националниот центар за снег и мраз. Нивото на мраз опаднало за повеќе од 400.000 квадратни милји под просекот во јануари, а тоа е директна последица токму на глобалното затоплување.

„Ги погледнавме просечните температури во јануари, а го гледаме и она што го нарекуваме ниво 925 милибар, односно околу 3.000 метри горе во атмосферата. Заклучивме дека е апсурдно топло преку целиот леден океан“, вели Марк Серезе, директор на Националниот центар за снег и мраз.

Тој додал и дека центарот утврдил дека температурата на таа височина била за 6 степени Целзиусови над просекот во јануари.

Уште еден загрижувачки податок е тоа што трендот на ниско ниво на мраз продолжува и во феввруари. Моменталното ниво на мраз е на нивото 2012 година, а ако продолжи оваа ситуација, велат дека нивото на мраз би можело да го достигне најнискиот рекорд забележан досега.
Иако научниците не се во целост сложни околу тоа што ги предизвикува овие промени, еден од факторите би можел да биде Ел Нињо, природна катастрофа предизвикана од климатските промени и прекумерното загревање на морињата и океаните, особено во областа околу источен Пацифик.

„Од една страна го имаме Ел Нињо, потоа имаме топол меур на североисточниот Пацифик, студен во Атлантикот и неверојатно топол Арктик. Сите тие работи се случуваат во исто време, а тоа никогаш не се случило“, вели Џенифер Френсис, истражувач на климата од Универзитетот Рутгерс.

И во Алјаска било топло за тој дел од светот во првиот месец од оваа година, но температурите не ги собориле досегашните рекорди. Рик Торман, научник кој ја изучува климата, вели дека оваа зима, сметајќи ги ноемвриските, декемвриските и јаунарските температури, била третата најтопла од 1925 година.

Ако на Арктикот е вака топло во јануари и февруари, а сезонското зголемување на температурите допрва се очекува, научниците предупредуваат дека промените допрва доаѓаат.

tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1