Босански џихадист пред смртта: “Браќа во Босна, подгответе ги елеците со бомби”


Уште еден државјанин на Бих загинал како припадник на војската на ИСИС на непозната локација во Сирија или Ирак.

Порталот Vijesti ummeta, кој со својот пропаганден материјал ја поддржува Исламската држава, објавил кратка вест за тоа како “Ебул Муатез ел Босна бил примен од Алах меѓу мачениците”, под која била поставена видео снимка во која се гледа маж со долга брада, вооружен со калашников, како на српски јазик пее песна за света војна – џихад, покорување на неверниците и враќање на војниците од исток на територијата на БиХ.gihadist123-630x360

На снимката направена пред неговата смрт, овој босански државјанин пее:

“Бидејќи во Босна останаа наши браќа, борбата во Босна не престана. Ние ќе се вратиме и Босна ќе ја залиеме со својата крв, за шеријатот ќе се бориме. Браќа наши, вие сега подгответе се, елеците со бомби подгответе ги. Гордо ќе живееме. Доволно беше понижување, гордо ќе живееме”.

Цело време додека пее, Ебул Муатез ел Босна го крева показалецот во знак на закана и намера дека се одлучни за започнување на војна во БиХ. Покрај таа снимка, нема други информации за овој маж кој загинал, а споменатиот портал не ги наведува околностите под кои загинал.

Може да се додаде дека е ова е втора снимка на порталот Vijesti ummeta во која државјанин на БиХ кој се бори во редовите на ИСИС на просторот на Ирак и Сирија, ѝ се заканува на, како што велат тие, предавничката власт во Босна и во Европа.

Пред неколку месеци се појавила и снимка од 20 минути во која припадници на ИСИС со потекло од БиХ, Косово, Албанија и Македонија се закануваат дека “неверниците ќе ги трујат, убијат, ќе ги минираат нивните автомобили и домови….ќе ја урнат предавничката влада во БиХ, ќе создадат Калифат на Балканот, ќе ја покорат христијанска Европа, а муслиманите кои залутале во својата вера, со добро или со лошо, ќе ги вратат на вистинскиот пат на Алах”.

Филмот со име “Honor is in Jihad”, кој го снимил и емитувал телевизискиот канал на ИСИС, Al Hayat, а уредно го пренесува порталот Vijesti Ummeta, а чие емитување безуспешно се обидуваат да го блокираат сите разузнавачки и безбедносни агенции во БиХ, всушност е идеолошко-пропаганден филм во кој без маски на лицето отворено зборуваат припадници на ИСИС со потекло од БиХ, Косово и Албанија.
За разлика од британските или француските државјани кои на своите истомисленици пред камерите им се обраќаат маскирани, овие од БиХ, Косово и Албанија тоа го направиле отворено, без криење, очигледно без желба некогаш да се вратат во своите матични земји.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1