Теории на заговор- што стои зад киднапирањето на српските дипломати во Либија?


Драмата која траеше цели 104 дена доби налош можен исход. Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ, службеници во српската амбасада во Либија се убиени во нападот на САД против ИСИС.

Вистината за тој случај ниту јавноста а ниту семејствата нема најверојатно да ја слушнат, открива Блиц.рс.srbi libija

– Врз основа на податоците од српската тајна служба, со извесноста можам да кажам дека работниците во српската амбасада не биле случајно во заседа, но не мислам и дека тие биле главната мета на киднаперите бидејќи случајно се нашле во автомобилот под број еден- вели премиерот кој потоа и демантираше дека во колоната која во ноември била пресретната имало и огромна сума на пари.

Улогата и одговорноста на амбасадорката Оливера Потежиќ не е јасна. Не е јасно зошто на денот на киднапирањето Потезиќ била со семејството во едно, а Слаѓана и Јовица биле во другиот автомобил и патувале во Тунис. Нејасно е како е можно да се упатат во друга држава без патен налог и согласност од Министерство за надворешни работи, иако тоа е најстрого забрането.

Минатиот мај, Слаѓана била за прв пат киднапирана, а после неколку часа била пуштена. И тогаш потполно неверојатно, Потезиќ за овој инцидент не го известил надлежното министерство, што задолжително требало да го стори тоа.dru-libija

Киднапирањето остава фатални последици но и многу отворени прашања, а најважно е зошто тие се нашле на тој пат, по чиј налог и што барале таму?

Ако државата како што тврди, го сторила тоа што било во нејзина моќ, наспроти нејзините киднапирани граѓани, мораме да се запрашаме, зошто не го направила она што многу други земји го направиле- да ја затворат и дислоцираат амбасадата во земја во која постојат дури четири влади и во која царува војната.

Она што предизвикува недоверба е образложението на Ивица Дачиќ кој за Блиц вели :sabrata-libija-foto-ap-1455967121-848109

– Одлучивме да ја задржиме амбасадата , бидејќи и нивната амбасада беше отворена кај нас за време на бомбардирањето, вели Дачиќ.

Поранешниот дипломат Нинослав Стојадиновиќ за Блиц вели дека пред киднапирањето државата требала да реагира со затворање на амбасадата, а ако не го сторила тоа, требало да воведе посебен режим на живот и работа во таа земја.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1