Сведоштно на претепаниот возач на Брза Помош: Тргнав по пациент кој беше во кома


„Возејќи кон посочената адреса во Kисела Вода, првин наидовме на толпа луѓе, меѓу кои имаше дете, а веќе имаше и полиција и јас прашав: „Треба ли помош?“ Но ми рекоа дека не треба и продолживме уште 50-ина метри по улицата Марко Орешковиќ. Видов дека сме на бројот 74 и помислив дека малку подолу е и куќата број 66, со повик за пациент во кома, кога слушнав удар од назад. Помислив да не удривме во друго возило, но кога излегов надвор, видов искршено стакло на задната врата. Се свртев кога замавнаа и по мене со метална шипка. Среќа што успеав да ја кренам раката и ја заштитив главата, инаку којзнае каков удар ќе добиев… Тогаш се затетеравив, малку изгубив свест и сум паднал, а кога се освестив, видов дека четворица помлади лица, кои беа облечени во црни јакни, бегаат“.

brza pomosВака за Дневник, 52 годишниот возач на Брза Помош ја раскажува новогодишната ноќ во која наместо да стигне и да го однесе пациентот во болница, самиот се најде во болничкиот кревет.

„Kога стасавме, солзи ми течеа од болка и само што влеговме во Ургентниот центар, колабирав! Не знам што е ова и зошто се случува некој да нападне екипа која оди да укаже брза помош на друг граѓанин, а ова е трет напад во декември на наша екипа. Ги ризикуваме секој ден животите возејќи ги возилата на брзата помош, тоа ни е работа, но не можам с` уште да се „освестам“ како некој може и да помисли да нападне без никаква причина возач на оваа служба“ – вели Д.Т за весникот.

Министерката Јанкулоска рече дека полицијата веќе има индиции за можните сторители и најави брзо расчистување на случајот.
Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека е разочаран од фактот што десетина луѓе претепале човеко кој наместо да слави Нова Година со семејството отишол на работа да им помага на луѓето кои имаат потреба од медицинска помош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1