Сведошто на агент на ЦИА: Потрошивме милиони за да ја разбиеме Југославија!


Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА тврди дека  милиони американски долари се потрошени за да ја разбие поранешна Југославија. Кога во јануари 1991 година стигнав во Сараево задачата ми беше да ширам лажни информации дека српски терорист ќе го нападне градот и така правев паника, тврди Баер.

Баер тврди дека тогаш тој и неговите колеги добиле милиони долари за да влијаат на политичарите и да предизвикаат распад на Југославија.balkan-cia-630x362

– Ги подмитувавме странките и политичарите кои станаа најомразените меѓу народот, рекол Баер.

Истакна  дека еден амаерикански сенатор во текот на војната во БиХ му рекол дека Сребреница ќе биде главна вест на светските насловни.

– Дури ни рекоа дека можеме веднаш да воспоставиме контакт со медиумите,  истакнува поранешниот агент на ЦИА.

Овој агент бил уапсен неколку пати во последните години поради откривање на државна тајна До сега има ојавено повеќе книги за ЦИА, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш.

– Во Сараево пристигнав на 12 јануари. Дојдов со хеликоптер со уште тројца агенти. Задачата ни беше да внимаваме на српските терористи кои требале да го нападнат градот. Имавме информации дека ќе додје до неколку терористички напади во градот поради намерите на Босна и Херцеговина да отстапи од поранешна Југославија. Но тоа била лага, нашите шефови нас не лажеа. Нашата примарна задача беше да шириме паника меѓу политичарите дека ќе дојде до напади, рекол Баер.

Тој наведува дека задачата траела само две недели, а но затоа отишол во Словенија со нова мисија

– Цела операција траеше месец дена и носеше назив „ Вистина“, рекл Баер.

Тој додава дека во Словенија, која била подготвена за независност, неговиот тим добил над милион долари за да ги финансира невладините организациии, опозициските партии и политичари кои промовирале омраза.

– Целта на пропагандата беше да се распадне Југославија.

Тој напомена дека  тие кои ја предизвикаа војната денеска се сопственици на компании кои користат природни и други ресурси од земјите на поранешната Југославија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1