Сведоштва за хоророт: Маж ја гледал жена си како се дави, татко спасил три, го загубил четвртото дете


Дваесет и една жртва, најмногу деца и жени, стравотно умреа давејќи се во вода и кал по поројот што завчера го поплави предградието на Скопје, во населбата Ченто и селата Стајковци, Инџиково и Сингелиќ.

Човекот го изгубил внукот, водата го оттргнала од рацете на татка си

Се врати околу 8 попладнето, го паркирал голфот кај гаражата, веќе саглам врнеше. Kога од никаде згрме и дојде буица вода, за дваесетина секунди имаше вода до покривот на автомобилот. Внатре биле четири деца. Kомшијата едно по едно ги фрлал на покривот од гаражата, но едното не успеал да го фати. Водата ја однесе и мајка му, бабата на децата. С` уште бараме на сите места каде што водата направи ридови од смет и сено. Бабата ја најдовме во еден канал за поправање автомобили утринава удавена – раскажа Адил Kерим Јусуф, пренесува ДНЕВНИК. .

мајката и синот се враќале од Охрид за Крива Паланка

Триесет и девет годишната Марина Велиновска и осум годишниот Јован од Крива Паланка ги загубија животите во големото невреме кое пред два дена во зафати Скопје и околината.marina-jovan

Невремето ги зафатило на обиколницата, од надојдениот порој од Скопска Црна Гора, додека мајката и синот се враќале од Охрид за Крива Паланка преку скопската обиколница.

Гледал како му се дави сопругата

– Од Гостивар сум, па по неколку години живот во Германија, се враќав дома. Од аеродромот „Александар Велики“ со автомобилот по обиколница тргнавме со синот. Врнеше многу, ама полека се движевме. Kога одеднаш јурна една вода. Ни го поплави автомобилот. Бргу излеговме, се качивме на покривот. Беше страшно. Покрај нас помина еден автомобил, но водата почна да го влече и го турна во ендекот. Мажот излезе од автомобилот и се спаси, а жената ја видовме како се удави пред наши очи. Немаше шанса да мрднеме. Се тресевме од страв и немоќ. Видовме дека мора да се спасуваме, па полека се држевме за рабниците на патот и стигнавме до еден автобус. Возачот, како во своја куќа, н` заштити и спаси. Најмалку 5 часа чекавме таму – раскажа Енис Мустафа за Дневник

Жаклина со семејството на брат и се враќала од Охрид кон Куманово

Жаклина Божиновска (43) од Куманово е жената која синоќа загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро. Таа со семејството на брат и се враќала од Охрид кон Куманово, јави kumanovonews.com

Невремето ги фатило на автопатот и им го потопило автомобилот. Во обид да се спасат излегле до колата и продолжиле пеш. Додека се пробивале низ буицата Жаклина исчезнала. Залудни биле обидите на нејзиниот брат да ја пронајде и да ја спаси. На нејзината снаа со две малолетни деца им помогнале луѓе кои наишле со комби, а братот продолжил да ја бара сестрата во текот на ноќта. Утринава му била соопштена тажната вест дека е пронајдена удавена.zaklina kumanovo

Жаклина и семејството на брат и вчера заминале на еднодневна прошетка во Охрид, бидејќи децата им биле на одмор.

Водата ми зеде дете од раце

Владимир Ангеловски, возач на камион, кој ја преживеа несреќата кога Смилковското езеро се излеало од коритото, за АА рече дека во моментот кога сакал да спаси едно дете, надојдената вода му го однела детето заедно со неговите родители.

Тој рече дека несреќата се случила околу 19 часот, додека тој останал блокиран во кабината на камионот сè додека не се намалило нивото на водат

Video – Infomax

Многу луѓе кои синоќа патувале и сакале да влезат во Скопје, сведочат дека на влезот во Скопје, пред обиколницата биле запирани од млад непознат човек кој ги препупредувал на лошата и опасна ситуација на обиколницата. Тие својот пат кон домовите го пренасочувале по други пристапни патишта, со што практично си ги спасиле и животите.Screenshot_7

Човекот беше многу хуман, едноставно реагираше човечки и им помагаше на луѓето. Вакви луѓе ја враќаат вербата во човештвото. Ние се враќавме од летување и нам патот не не водеше преку обиколницата. Од роднините и пријателите веќе бевме информирани дека има невреме во Скопје, но кога го преминавме граничниот премин Табановце, немаше трага од дожд. Се гледаа само молњи во далечината, личеше како да се во Албанија, а не тука близу, во Скопје – објаснува Јачева – Улчар.

Таа е благодарна што уште постојат хумани луѓе кои во секој момент би помогнале на непознати, посебно во вакви тешки ситуации.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1