Сведоштво на малите херои од Стајковци за ноќта помината на ограда во борба за живот


Вистинското другарство ги им помогнало да не и се предадат на поплавата. 17 годишниот Петар Велковски и тројцата негови другари божјо чудо ги спасило од водената стихија. Два ипол часа виселе на ограда додека беснеело невремето. Се почнало во жолтиот матиз кој исфрлен од поплавата пред куќа во Стајковцио до вчера сведочеше за силното невреме. Се враќале од натпревар со дедото на другар му Мартин, пишува Сител.deca stajkovci

Како што се спуштиле од обиколницата се повеќе врнело и надоаѓало вода. Драмата почнала кога дедото излегол од автомобилот кој веќе бил заглавен до ограда на патот за да повика некој напомош. Но, од силниот дожд автомобилот почнал да се полни со вода, момчињата решиле да излезат преку прозорецот за да стигнат до првата куќа бидејќи во возилото било ризично. Од тој момент само волјата за живот и меѓусебното бодрење ги држело во живот. Нивните родители иако живееле во близина не успеале да стигнат до нив. Се што слушале е како од куќите им довикуваат да не затвораат очи и да се кренат по високо. Студ , мрак и обилни врнежи е се што паметат од кобната сабона вечер.
Единствената светлина доаѓала од заглавен џип подолу на улицата.

Имало многу тешки мигови, секој момент кога еден од нив ќе се предадел другиот го стискал за рака и му велел дека брзо ќе помине се и повторно ќе се вратат дома. Останале и без чевлите и без дел од облеката студот машки го издржале. Оградата која им го спасила животот Петар вели ќе ја побара од соседите за спомен.

По цели два ипол часа гола битка за живот на силен ветер и дожд полека почнало да се спушта нивото на водата која од улицата направила езеро. Тогаш таткото и чичкото на другарот Мартин успеале да се пробијат до нив и еден по еден да ги извлечат до првата куќа.

За Петар и останатитте жители од Стајковци единствената желба со која се будат и денеска е невремето никогаш повеќе да не се повтори. Чистењето продолжува а мештаните велат кога ќе се сетат какво било дури не им се верувало дека може некогаш таква катастрофа да се среди. Но, денеска забележуваат голем напредок во работата.

И ангажираните работници кои ги чистат последните улички од кал и отпад се задоволни од напредокот.

Сител.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1