Сведоштво на специјалците- како го спасија животот на Кико кој падна на Шар Планина (ВИДЕО)


Зимниот период, за многумина е идеално време за екстремни зимски спортови за љубителите на адреналинот, но неретко овие екстремни спортови можат да бидат и фатални. Дури и професионалните алпинисти, понекогаш се наоѓаат во ситуација во која ги преценуваат своите способности, додека најчестите грешки кои ги прават аматерите, се недоволната едукација и несоодветно користење на опремата за качување.specijalci-640x363

Јавноста беше сведок на две одвоени несреќи, за време на викендот, кои за среќа поминаа без жртви. Два алпинистички тима, потклекнаа пред предизвикот, скоро на иста локација која можела да биде кобна, доколку не била навремената реакција на нивните колеги-планинари, но и на припадниците на единицата за специјални задачи при МВР или популарно наречена Тигри. Покрај што се најелитниот одред при МВР, алпинистичкиот тим при оваа единица, редовно учествува во вежби, обуки за специјални задачи, но и се први во реакција за вакви спасувачки мисии.

Во командниот центар на оваа единица, редовно се анализира секоја спасувачка мисија посебно, со цел да се извлечат поуки, потреби, но и предизвиците со кои се соочуваат тигрите при секоја спасувачка мисија. Велат дека најчести грешки кои се прават, посебно од оние љубители на алпинизмот кои аматерски се занимаваат со овој спорт, се недоволната едукација пред да се одлучат за еден ваков опасен подвиг, но и несоодветната употреба на задолжителната опрема за качување, пренесува ТВ Нова.

Според информациите од полицијата, двете несреќи викендов се случиле скоро на исто место, во близина на Титов Врв на Шар Планина, кај месноста викана Седло или Чистинка, каде и најискусните алпинисти знаат да ги преценат своите способности, и фатално да го завршат подвигот за освојување на македонските врвови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1