Светла точка во големата трагедија: Детето чии родители загинаа во сообраќајка е во стабилна состојба


41-годишниот Небојша Пакиќ од Скопје и неговата сопруга, 32-годишната Билјана Пакиќ загинаа откако директно во нивниот автомобил удри автобус, вчера на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка. Се судриле автомобил марка “ауди А4” со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (46), автобус на “Струмица експрес”, управуван од Ѓ.В. (60) и автомобил марка “фиат сеиченто” со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (41), стои во соопштението на Јавното обвинителство.AVTOPAT GUZVA DEMIR KAPIJA

– Донесено е седумгодишно дете со тешки повреди на градниот кош и на стомакот. Тоа е реанимирано и во животно загрозувачка состојба е пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Истовремено се донесени и пациентката Н.С (37) која има скршеница на колк и две деца, девојче на 15 години и момче на 17 години. Тие беа престрашени од сообраќајка, немаат повреди – изјави д-р Петре Кодовски, портпарол на Општата болница Велес.

, детето на парот кој загина, за среќа сега е добро откако лекарите се бореа за неговиот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1