Плоштадот е украсен со велигденски дрвца со шарени јајца, кои веќе години наназад стануваат дел од начинот на одбележување на овој празник.
„Велигденското украсување на домот внесува дополнителна радост во славањето на новиот живот. Оттука и идеата да се украси и градскиот плоштад со црвени велигденски јајца кои ќе светнат на Велики Четврток“ – велат од локалната самоуправа.
Исто така, во градскиот парк е поставено двометарско велигденско јајце и осум мали велигденски јајца.
Фото – Оhridnews