Светот во шок-Се разделуваат Шакира и Пике


Се разделуваат Шакира и Жерар Пике, тврдат светските медиуми. Според нив, најголемата причина е љубомората на шпанскиот фудбалер, што пејачката, наводно, веќе не можела да ја поднесе.Пејачката требаше да настапува на две доделувања на музички награди, но објави дека поради приватни проблеми нема да може да присуствува и ги откажа настапите.sakira

Менаџерот за односи со јавноста на Шакира засега не ги коментираше озборувањата за разделбата, ниту, пак, причината за откажувањето на настапите. Шакира, која важи за голем професионалец, ваков потег никогаш не направила, коментираат трач-блоговите.

Меѓу другото, се наведува дека разделбата е поради љубомората на Пике, поради која Шакира решила да му стави крај на заедничкиот живот.2sakira

Двојката веќе месеци не е забележана заедно во јавност, а на социјалните мрежи одамна немаат објавено заедничка фотографија, нешто по што беа познати.Шакира и Пике се запознаа за време на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година. Тие не се во брак, но имаат два сина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1