Светска недела на нарушување на растот – бесплатно мерење на дечињата


Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска ќе се придружи на глобалното одбележување на Светската недела на нарушување на растот.

Во рамки на одбележувањето на Светската недела на нарушувања на растот на плоштадот „Македонија“ ќе биде организирано бесплатно мерење на висината и тежината на сите дечиња кои ќе имаат желба да проверат дали нивната висина е соодветна за возраста. Мерењето ќе се одвива денеска во периодот од 10:30 до 16:00 часот и ќе бидат реализрани од медицински екипи на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.deca-ca-540x320

Дел од дечињата со нарушувања на растот членови на ова Здружение ќе продефилираат низ улица „Македонија“ и плоштадот „Македонија“ заедно со малите фудбалерчиња од Фудбалкиот клуб „Ѓорче Петров“, предводени од поранешниот репрезентативец Васко Божиновски.

Целта, како што велат од Здружението, е да се подигне самодовербата кај дечињата и да се укаже на важноста на физичката активност кај сите деца како предуслов за здрав раст и развој.

Одбележувањето на Светската недела на нарушувања на растот е поддржано од Фондот за здравствено осигурување на РМ, Министерството за труд и социјална политика на РМ, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле – Скопје, ЕВН, Ново Нордиск и Екошарк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1