Светските ѕвезди кои починаа во 2014-та година


Во текот на 2014 година светот остана без голем број познати лица од светот на филмот, музиката, телевизијата, модата.

Веб-страницата Диџитал спај состави список на луѓе кои ја „напуштија сцената“ во 2014 година.

Меѓу нив се актерот Џејмс Ејвери кој му го позајми гласот на Шредер во цртаниот филм Тинејџ Мутант Нинџа Желки, музичарот Фил Еверли, член на The Everly Brothers кој со братот Дон ја пееше „Wake Up Little Susie“, „Bue Bue Love“, „Cathy’s Clown“, новинарка и ТВ презентерка Пичес Гелдоф, авторка на Дневникот  на Адријан Мол – Сју Таунсенд.

piciz-geldof-foto-rojters-1396890874-475343

Светот го напушти и поранешното дете-актер Ширли Темпл, актерот и режисер Харолд Рамис (Истерувач на духови), модната дизајнерка Л`Врен Скот, диџеј и продуцент Френки Накис, театарскиот, филмски, телевизиски и радио актер Мики Руни.

Shirley TempleL’Wren Scott devojka mik djeger

Роџер Лојд Пак, популарниот Тригер од серијата „Muche“ почина како и Филип Сејмур Хофман еден од најценетите актери на својата генерација, Оскаровец, театарски актер, режисер.

Не напуштија и англискиот актер Боб Хоскинс, актерот Кејси Кссем кој го позајми гласот на Шеги во серијата Скуби Ду, актерот Илај Валах (Седуммина величенствени, Кум 2), музичарите Боби Вомак (Across 110th Street, If You Think You’re Lonely Now), Томи Рамон.

Bob Hoskins

Во текот на 2014 година почина и Џејмс Гарнер, чија кариера траеше 50 година кој играше во 50 филмови вклучувајќи го и „Маверик“, „Големото бегство“, „Notebook“.

djejms garner

Светот остана шокиран кога еден од најсаканите комичари и еден од најуспешните актери во холивудската историја, Робин Вилијамс почина. Беше ѕвезда на фимовите Аладин, Добро утро Виетнам, Друштво на мртвите писатели, Госпоѓа Даутфаер, Кука,  а Оскар доби за улогата во филмот „Добриот Вил Хантин“.

robin vilijams

Една од најголемите ѕвезди на Холивуд, Лорен Бакал („Големиот сон“, „Како да се омажиш за милионер“, „Огледалото има две лица“ – за кој доби Оскар), исто така, замина, како и актерот и режисер Ричард Атенбороу, комичарката Џоан Риверс, актерот Ричард Кил (Џорџ од филмовите за Џејмс Бонд), Ворен Кларк (Пеколен портокал), филмскиот и театарски режисер, продуцент, актер, комичар, Мајкл Николс („Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Дипломец“, „Квака 22“).

djoan rivers

Почина легендарниот пејач Џо Кокер (70), на 22. декември, после тешка битка со ракот на грло.

joe cocker

Легедарниот пејач Џо Кокер почина после долга битка со ракот на белите дробови. Имаше 70 години. Џон Роберт Кокер е роден на 20-ти мај 1944-та година во Шефилд, каде што живеел до раните 20-ти години од неговиот живот.

Кокер зад себе остави богата дискографија од студиски и од албуми во живо, како и големите хитови “You Can Leave Your Hat On”, “Unchain My Heart”, „Summer In The City“ и неколку одлични преработки на песни од „Битлси“.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1